Tuesday, January 15, 2008

Рачињата на дневниковци

Би сакал ли некој од вас, почитувани, да ми објасни што им е филмот на овие, коментаториве од Дневник што толку многу сакаат да се фотографираат за коментар со рака под брадата или образот?

Ако добро сум забележал, колку повисоко се во хиерархијата на весникот или колку подолго се дел од редакцијата толку позадолжително им станува непишаното правило (сакам да верувам: непишано) да си ја стават десната рака под брадата. Ако сте од поредовните читатели на весникот ќе забележите и дека овој феномен го прифаќаат и поновите членови на редакцијата, рамно како и оние кои биле на некакво отсуство, или во меѓувреме заминале во портпароли.


Но, не е доволно да се констатира ова. Навистина копка мислата зошто го прават тоа. Дали со тоа сакаат да им помогнат на читателите од прв поглед да сфатат дека тоа е местото каде што се објавуваат коментари во весникот, па затоа сложиле мислителска фото-композиција - со рачето под брадата или образот. Но, дали тоа значи дека споменатите актери на здравствените легитимации имаат фотографии на кои глумат дека горат од температура, со облоги на челата!? Или пак, дали до неодамна, кога граѓаните имаа право да се фотографираат како што сакаат, на возаките дозволи си ставаа фотки со рацете испружени, небаре вртат волан!?


Ако разберете, ве молам да ми кажете!

3 comments:

Unknown said...

Браво, како си успеал да го забележиш ова... ја ги читам, и ги знам сликиве... ама, вака, како си ги залепил, алал да ти е, уште се смејам, ме изнасмеја

Neshkova said...

Хм, белешкофаќач ни еден!

objavi said...

Им тежи главата ама да ме убијаш не знам од што...
..
.
http://highpayedjobs.blogspot.com/