Ако случајно, во животот, сте си правеле топ листа на најизвештачени ТВ-фаци и ако случајно во категоријата најизвештачена и најпозерска артикулација на гласот на првото место ви избила Оливера Трајковска („Светла точка“) - поништете ги резултатите зашто сигурно сте направиле превид во номинациите и сте го пропуштиле кандидатот што, верувам ќе се согласите - е без конкуренција!Повозрасните можеби ќе се сетат на неа уште од времето кога работеше во Македонската телевизја, или уште порано - во Телевизија Скопје, а помладите имаат прилика да ја видат на вестите на „Гласот на Америка“, кои секојдневно се емитуваат на МТВ 1, веднаш по „Вестите за лицата со оштетен слух“: Лилица Китановска.
Па, каков е тој раскош од извештаченост и од фолирантство во нејзината артикулација!? Па тоа е ненадминливо! Жири-комисијата на вашиот Избор на најинтересни ТВ-феномени сигурно ќе се помачи да ги најде вистинските зборови да го образложи изборот на вашиот нов лауреат, но за ваков кандидат тоа навистина вреди.
No comments:
Post a Comment