Што им е на овие од Канал 5 - економија, што се толку нафурани на странците? Погледнете само едно издание на блокот вести од економијата и веднаш ќе забележите дека нешто не е во ред.Ги гледам деновиве (се погоди неколку пати уредник да биде Маја Стојановска) - секоја вест почнува со: швајцарските газди на Силмак, Австријците од ЕВН, Унгарски Матав, грчките газди на ОКТА, индиските газди на рудникот Злетово, работниците бараат од грчките газди на Жито Лукс... Уште од првата реченица ќе забележите дека и на уредниците што ги читаат најавите и на новинарите што ги подготвиле прилозите дикцијата им е насочена со негативни емоции кон странците.
Не можам да сфатам од каде им извира мотивот за тоа, но сигурен сум дека странците што ги гледаат таквите вести во живо или што ги читаат во преведени клипинг-извештаи многу брзо градат впечаток дека сме ксенофобична нација.
Не можам да не протестирам, јавно да не се оградам од тоа. Извинете, јас и моето семејство не сме такви - што ако сте од друга земја, и вие сте добредојдени во нашиот дом!
А за тимот од Канал 5 - економија, музички поздрав од едни странци, колку за почеток на просветлувањето. Специјално за вас, во Бележник гостуваат англиските музичари Пинк Флојд со композицијата Carefull with that axe Eugene!
No comments:
Post a Comment