Tuesday, April 8, 2008

Образовна програма

Немам ништо против емисијата Опуштено на Тони Михајловски и на другар му (нека ми прости, никако да му го запамтам името), што се емитува во недела на Сител, но не можам да ја сфатам идејата за време на емитувањето на програмата во студиото да има и публика.

Ќе се соберат домаќините и два-тројца гости и си муабетат на разни теми, а публиката си слуша, си слуша.. па одвреме-навреме ќе ја повикаат да аплаудира.. - и така.

Што да кажам - изборот е нивни, нека дојдат, нека гледаат, нека слушаат, нека аплаудираат, само не можам да сфатам за кого е наменета емисијата, што сака да им пренесе програмата на гледашите и на што аплаудира публиката.

Последниот пат кога гледав Опуштено, на пример, гости беа Игор Џамбазов и Миленко Неделковски, а муабетот, ако добро ги разбрав, се вртеше околу искушенија низ кои поминале во животот.

Така, еден голем дел од разговорот му беше посветен на нивното коцкарско искуство, и, ако добро разбрав, на нивните падови во животот, од кои се издигнале како Феникси. И така - Џамбазов ќарил некој комар - публиката аплаудира. Миленко врзал некому машна - публиката аплаудира.

Но сето тоа беше мачји кашаљ во споредба со аплаузите што ги заслужи блокот во кој гостите и домаќините се восхитуваа на коцкарските вештини на Џаро - како некогаш влегол без пари во коцкарница во Белград , а излегол полн пари, вложувајќи клуч од лифт како да е клуч од Фолксваген Џета..

Јеби га, можеби сум конзервативен, па не можам да сфатам дека тоа е либерално видување на образовна програма, којзнае!?


2 comments:

Anonymous said...

Опуштено бе БрАТ !!!
Па така се вика емисијата, не им фаќај кусур. Па сега на Сител за џамлии ли муабет да прават или за ема-есаса. Затоа е тука и публиката да слушне и да разбере како се прават пари од ич или обратно, како се заглавува на дроги или по затвори. Треба да научат нешто од видните луѓе по нашите телевизии !!!

Конзерва си нема што :)

А тоа што не и се дава збор на публиката, па што бре има она да казе покрај овие стари волци. И да постават прашање ќе веруваат ли на одговорот ???

Претпоставувам што ти е прашањето:
ЗОШТО ВАКВА ЕМИСИЈА НА ТЕЛЕВИЗИЈА И ЗА КОЈ КУР ПУБЛИКА ???

За пари БрАТ - сеуште се на цена џанаци, преваранти и коцкари, а публиката, сценографијата бе БрАТ !!!
Демо - крати - ја

Оној што доаѓа said...

И јас така викам, брАТ - опуштено, ама овој пат не си ми нешто опуштен.

Како што реков во постот, немам ништо против емисијата, туку никако не можам да го разберам учеството на публиката во неа, особено не на публика составена главно од средношколци.

А, штом велиш дека сум „конзерва“, дај објасни молим ти се!

Поздрав!