Од кај ги копа музиките Канал 77. Имам впечаток дека толку се аут што дури и самите автори, (сметам дека не е потребно да нагласам - од поранешна Југославија), одамна ги заборавиле песните што некогаш ги отпеале.Од се’ срце ви посакувам никогаш да не бидете во ситуација да морате да слушате музички блок на тоа радио, како што во последно време често сум принуден јас. Тоа тешко се поднесува.
Башка приказна се џингловите, претпоставувам правени во стилот на гордоста на Штип, фестивалот на поп-музика од аналниот отвор, Макфест. Јеби га, од кој друг извор на музика да се пои со идеи земјачко-провинциско радио со земјачко-провинциски дух?!
Слушнете и уверете се!
No comments:
Post a Comment